ponedjeljak, 28. srpnja 2025.

ДА УЧИМЕ ОД ВИСТИНАТА

 

 

Да учиме од вистината

Кога човекот не може да ја поднесе вистината, затоа што е болна, тој не се обидува ниту да ја види, ниту да ја препознае таму од каде што доаѓа. Не знаејќи и многу брзоплето, фрла оган врз неа, мислејќи дека така ќе ја изгори. Но, вистината не се гаси со оган,  туку со длабоко созреан збор, со здрава мисла, како што на жива рана се става мевлем.

Од вистината се учи.


Соња Таиривска Ѓурчак

27.07. 2025 Улм 

 

petak, 25. srpnja 2025.

ПАТУВАМ

 


ПАТУВАМ 

Патувам низ времето, низ животот.
Се разминувам со сенките што ме среќаваат на патеката,
се засолнувам под чадорот од силниот дожд.
Гласот на птиците ме повикуваат,
ме следат со својата песна и мелодија на животот.

И денес го продолжувам бурното патување,
чекорејќи по калдрмата на денот.
Упорноста е сведок на моето постоење.

Патувам

Соња Таировска Ѓурчак

25.07. 2025 УЛМ

 

četvrtak, 24. srpnja 2025.

ПОЧИТУВАНИ

 

Почитувани, драги учесници во наставата по македонски и германски јазик,

Како и секоја година, така и оваа – 2024/2025 – завршува уште една успешна школска година.
Со голема благодарност сакам да се заблагодарам на сите Вас кои бевте дел од оваа школска година.

Посебна благодарност упатувам до раководството на клубот и до претседателот Ангел Петровски, кои ни овозможија и помогнаа да ја реализираме оваа дејност со посветеност и поддршка.

Во таа чест, ве покануваме сите заедно да ја одбележиме завршницата со симболична, но искрена благодарност./ На сладолед/ во недела на 27.07 2025 од 16 часот. Во нашиот Клуб.

Сите заедно бевте многу успешни.
Искрено се радувам не само на постигнатиот успех, туку и на вашата силна желба за учење, која ве водеше напред и ве збогати со нови знаења.

Знаењето се стекнува со труд и е поврзано со времето – а вие покажавте дека умеете да го искористите вистински.
Веруваме во времето што ни претстои – со уште поголема  посветеност ќе продолжиме да чекориме напрет по патот на знаењето.

Ве поздравува Раковотсвото на Клубот Кирил и Методиј Улм

Соња Ѓурчак

24.07. 2025 Улм

 

МК

 

 💗💗💗

Добро е да го цениш доброто и да го двиош од лошото...

💗💗💗

Во искрајната душа живее среќата ,во се друго небараа,нема да ја најдиш...Вјстината е среќа.

💗💗💗

Да знаеш и да незнаеш се два различна света,треба само да ги разликуваш...

💗💗💗

Дијаматот кој ни е подарок од Бога,само тој дава најголем сјај...

💗💗💗

Сигурноста во животот е верата,културата *политиката*јазикот и знаењето...

💗💗💗

Да имаш вистински пријател,и истовремено да не ти биди непријател,тоа е недовршено школување.

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

24.07 2025 Улм 


nedjelja, 20. srpnja 2025.

Се што е убаво носи убаво.

 Се што е убаво се враќа со убаво,лагата, омразата,лицемерието се отрови кој ја трујат  човецката душа. Зато нека биди и оваа мисла радост и ја отвори вратата од затвореното срце, нека се пробудат сите сетила на среќа, секоја тама нака биди од денес светлина за сите...

Нека и овој преубав ден
ни биди мирис на наша подвршник,
печена погача, мека, топла,
нека биди облак од среќа,
а душата нека диши во радост,
со срце широко ко поле,
со мисли бистри ко извор.
Нека ни се множат добрините,
како зрна во клас златен,
и нека ни биди секој залак  благослов од Бога.

Соња Таировска Ѓурчак

20.07.2025 Улм 

subota, 19. srpnja 2025.

МК

 💗💗💗

Светлоста не зборува гласно , таа е тука...

💗💗💗

Во тишината на јазикот живееат сите пораки...

💗💗💗

Секој има право да зборува ,зависи што кажува...

💗💗💗

Светлината во децките очи,е силна и света порака...

💗💗💗

Секој збор е порака колку е вистински и свети,се чуствува.

💗💗💗

Убавиот збор е како света книга и понего се живее...

💗💗💗

Каква порака праќаш таква и се врсќа...

💗💗💗

Вистината е света и силна,

💗💗💗

Лагата се запишува на песочните плажи

каде брзо е одвејана од морските ветрови...

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак

19.07.2025 Улм 

 

 

petak, 18. srpnja 2025.

И ПАК ДА СЕ РОДАМ

 

И ПАК ДА СЕ РОДАМ

И пак да се родам
по светлината ќе одам,
и душата со светлина ќе ја појам
како од извор бистра вода.
И пак да се родам,
ќе бидам љубов пред страв,
од темнината нема да бегам,
таму светлата  ќе бидам.
Со чекори цврсти на патот прав,
со молитва тивка одам и љубам,
во душата вера чиста носам,
срцето силно и свето се буди.

И пак да се родам,
ќе простувам без да пресметувам,
ќе ја греам тагата со добар збор
и солза ќе претворам во  бисер.
Ќе бидам глас на тишината,
прегратка што болка лечи,
светулка во ноќта во нечиј сон ,
ќе бидам корен и небо  во просторот шир.

И пак да се родам,
ќе бидам тивок глас во вревата,
во немирот,  ќе носам мир,
ќе љубам и таму каде што љубов нема,
зашто така,така се чува човечштвото.

Соња Таировска Ѓурчак

17.07.2025 Улм

ponedjeljak, 14. srpnja 2025.

МК

 

 

 💗💗💗

За секој проблем има решение...

 💗💗💗

За секое прашање има одговор...

 💗💗💗

Кај што нема проблем, немора да го правиме...

 💗💗💗

Самоќата не е казна,самоќата е слобода,

моќта на самодовербата и стрпливоста...

 💗💗💗

Животот е среќа, не кога ќе стигнеме некаде, туку кога ќе научиме да бидеме сега и тука. 

Да сакаме, да простуваме... и да живееме, свесно и со срце.

 💗💗💗

Среќата не се бара, таа се чуствува и  се живее.

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

13. 07. 2025 Улм 

nedjelja, 13. srpnja 2025.

ПОМЃУ ТИШИНАТА И ВИСТИНАТА

 

ПОМЕЃУ ТИШИНАТА И ВИСТИНАТА

Помеѓу тишината и вистината,
молчам , и ја слушам тишината,
што бучно зборува,
скривајќи ја вистината.

По должината на животот,
неуморно чекорам и стојам
како море со милни бранови,
како човек со чиста и полна љубов,
душа што сака. душа што бранува.

И сега, по морето на животот,
можеби со потрошено време на младоста,
можеби со скриени, болни рани што болат,
гордо, со гордост,
ја делам оваа вистина со самата себе.

Се радувам! Се смеам! Благодарам!
Зошто научив една голема лекција
лекција што отвора врата
кон нов правец на животот.

А тоа се вика живот...

Соња Таировска Ѓурчак

13.07. 2025 .Улм

nedjelja, 6. srpnja 2025.

МК

 💗💗💗

 Очите зборуваат погласно и од устата.

 💗💗💗

Стрпливоста дава посебна сила .

 💗💗💗

Нај добриот учител е природата.

 💗💗💗

Живеам во живиот живот,
каде ништо не е сигурно,
освен ова чудо што чука во градите.

 💗💗💗

 Живеам во живиот живот,

не како сенка, туку како светлина,

 💗💗💗

 Живеам во живиот живот,

сега и тука,тука во овој здив.

 💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак.

06.07. 2025 Улм

 

БЛАГОДАРНОСТ

 

БЛАГОДАРНОС:

од раковоството на клубот Кирил и Методиј,Преседателот Ангел Петровски за убавите моменти на „Македонското  куртурно попладне.„Кое се одржа денес во просториите на нашиот клуб. Им благодариме на сите учесници кој насапија во читање на поезија од нашата поетеса Соња Таировска Ѓурчак, стихови се читаа од нашиот голем поетски творец кој остна  високо да свети во македонското поетско поле да ја чува  земјата наша, од Коста Солев Раци од Велес Република Македонија.Со големо внимание беше проследен и нашиот Хор Македонско Сонце,кој се престави со неколку песни меѓу која беше и песната испеана МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША, заедно со песната рецитат ЦВЕТОВИ – од СЛАВКО ЈАНЕВСКИ.На сите гости,пријатели учесници им искажуваме голема благодарност.Голема благодарност испракаме до Зорица Петковиќ Мердановиќ и до госп.Мердановиќ за нивната голема  и безусловна подршка им се заблагодарува Клубот Кирил и Методиј од Улм.Голема благодарност до водителот на програмата Тони Алексовси за неговата голема активност.Меѓу овие сите знаменитости во светлина и слава ја поздравивме од далеку насата Татковина Македонија.Македонија вечна!Им багодариме на сите останатите кој беа од било кој друг разлог спречени и неможеја да дојда,а не следеа,во наредните настапи сигурно ке имаат поубави услови.Ви благодариме и ве поздравуваме со песната ПИСМО ДО РАЦИН од Соња Таировска Ѓурчак.

ПИСМО ДО РАЦИН                                                           

Во писмово, искажувам благодарност                     

за твоите творби,

учеќи ги низ школските години мои.

Не сакам да ја вознемирувам

твојата спокојна душа,

но сепак сакам се да ти кажам

и посмо да Ти пратам.

Падна ноќ,под светилка бела

мисли делам со песните твој.

Времето од времето твое

и до денес остана исто.

И денес на кантар студен

денот го мерат,

народ маки под перница крије

јадови,зора будат

и лице со солзи мијат.

Стега во гради болка тешка

и овие времиња газат судбина жешка.

Аргати останавме сите

дали дома во родина наша

или во туѓина клета,

за корка парче леб

и денес човечката душа е роб.

Мугра зора руди, секоја

душа во темнина се буди.

Писмото наше сака некој да го гори,

крв во жили течи, Македонија

секој сака на парче да ја сече.

Читај го писмово мое,

како утринска молитва во денот

сето ова сакам да го знаеш

Ти си творец кој остави многу 

и  високо остана да свети,

во цветното поле на поезијата,

во земјата наша во градот Велес

распослан по височините на двата вардарска брега.

Ти остана наш ангел буден,

писмо, јазик и на земјата наша чувар.

И по сто години пак ова писмо

и песните Твој некој ќе ги чита,

дали, и кага ќе се промени

светот нема да дознае никој.

Писмо до Рацин.

 

Соња Таировска Ѓурчак

10. 06. 2020 Улм

 

četvrtak, 3. srpnja 2025.

МК

 💗💗💗

Никој не е роден научен,низ животот свесно создреваме.

 💗💗💗

Не е страмота да незнаеш,страмота е да не сакаш да научиш.

 💗💗💗

Делувај на времето,времето не ги бриши грешките...

 💗💗💗

Благодарноста е знак на зрелост,душевна сила со почит не е слабост...

💗💗💗

Благодарната душа создава добрина која секогаш се враќа назат.

💗💗💗

Многу грешки не доаѓаат од лоша намера туко од не знаење.

💗💗💗

Потсвесно владее страв,страв од промена од грешка а и од вистината

нај големата блокада...


Соња Таировска Ѓурчак,

03.07.2025 Улм