četvrtak, 24. ožujka 2022.

БЕРЗА НА СОНИШТА книга бр.10

 

БЕРЗА НА СОНИШТА

Молчам,мислам дека зборувам

пред списокот на минатото

во текстот на иднината.

Ја заклучувам вратата однатре.

Од денес, ја прекинувам најавената програма

да го задржам само сонот

на блиските кој замолкнуваат

пред безата на соништата.

Од оваа вечер ги снимам сомо

соништата на поетите.

Полноќ е, земјата се врти кон денот

и праќа порака на семејството на животот.

Кога денот поново  се раѓа,

се раѓа и вистината од претците

за берзата на соништата.

Времето молчи и ја запишува отсутноста на Земјата  

од плоштадот на еден заборавен сон.

Соња Таировска Ѓурчак

23.03. 2022 Улм

nedjelja, 20. veljače 2022.

ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ кн бр 10 .

 ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ

Ме разбуди смрта
во дупките на историјата,
да ја поздравам пролета
да ги исполнам празнините
на времето и просторот.
Со јазикот на слободата
кој извира во една душа на судбината.
Позајмените јазици
ја гушат историјата
а зборот остана во грлото на песната.
Еден голем сон, води во стравот на иднината,
поздравуваќи ја пролета.
Утрово додека ветровите
ги разнесуваат јазиците
стојам во годините на бегството
пред своето време и сопствената слика.
Трчаки по програмата на вредностите
се бриши историјата и културата
која остава трага од позајмените јазици.
Зборот е живо дело, кој живее
во големината на животот,
зборот на еден живот, кој љубов се вика.
Во пукнатините на историјата
остана зборот, кој извира
од изворот со песната и духот.
Живее вечно во просторот и времето.
Соња Таировска Ѓурчак
20.02.2022 Улм

utorak, 8. veljače 2022.

ЗБОР ПЕСНА

 ЗБОР ПЕСНА

Оваа песна, корен гранки пушти
Лист по лист, цвет до цвет
Со полни дланки збор песна редам
На сите гранки.
Облаци гранки покрија,
Од птиците стивнаа гласовите
Татковината и туѓината се измешаа
Песна збор сокрија.
Соња Таировска Ѓурчак
21.11. 2021 Улм

ponedjeljak, 7. veljače 2022.

DIE ENTFERNUNG

 

srijeda, 2. veljače 2022.

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА книга бр 10

 

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА

Куќата на земјата моја

е под олтарот на небото

во звухот на гласовите

во стихот на песната.

Мајка ми остави завет

да ја чувам куќата и зборот

да ја чувам песната и стихот

да ги чувам меѓу корицате на книгата.

Голема е куќата на земјата моја

во која живеам гордо,

го чувам јазикот македонски

во куќата на земјата моја

под олтарот на небото

Ја чувам меѓу кориците на книгата.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО. книга бр 10

 

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО.

Пишувам писмо,

а буквите се судираат

како дески играчки

на хартија бела.

Пишувам писмо,

и го облекувам во руба бела,

везана со златен конец  

и  азбука буква наша.

Пишувам и праќам писмо,

примачот одамна заминал

ја променил адресата

писмото остана непрочитано.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм

ponedjeljak, 24. siječnja 2022.

ИСКРИ НА ЖИВОТОТ НЕОБЈАВЕНО

 

ИСКРИ НА ЖИВОТОТ

Искри запишани  во тестаментот на животот,кој започнуваат од моето раѓање,се размножуваат во убавината и вистината на животот,  искри кој го осветлуваат патот по кој чекори мојата душа.

Чекореќи по страниците на една жива книга,времето ги бриши кривините на патот,а искрите и понатаму патуваат до звезденото небо.Животот расти во тишината на просторот, осветлуваќи го живото и времето.

Времето кое не е допишано во животот,останува тајна на љубовта  и живее во тишината на светлината.

Сликата на животот се мери со тежината на боите,обоена со боите на природата и енергијата на физиката која е невидлива и недопирлива тајна.Бурата и поројот низ животот со ситниот песок ги бришат моите спомени од цртежот на животот.

Животот е град каде живее само мојата душа, град сардисан и ѕакитен со моите искри кој секојдневно прераснуваа во оган кој гори силно гори во пламен,во моите мисли.

Извор на мисли од каде дотекува љубовта од мојата родина,традицијата, уметноста и долговечната култура запишана по скалилата на еден обоен живот.

Погледнувам низ прозорецот,да ја пресликам патеката по која треба да продолжам да патувам  не обзирнуваќи се назад во времето које остави по некоја болка,остави изплакани солзи и парчиња од искинато срце.Освоената битка ја освојувам со искрата на животот која е околу мене и секогаш го пали огнот во огледалото на мојата душа.

Јас и мојата искра  патуваме заедно,патот по кој чекор е испишан по должината на времото и останува тука,после мене по овој пат ќе чекори некој друг,ќе добива друга сметка за плаќање вода и струја,и многу други работи кој стојат пред животот осветлен од нова искра.

Животот и убавината на животот е една маѓија, тајна исполнета со приказните кој се невидливи но сепак тука,искри кој го осветлуваа небото и пишуваат за мир и љубов во животот.

Соња Таировска Ѓурчак 

23.01.2022 Улм