subota, 19. travnja 2025.

ВЕРМЕТО ЗБОРУВА преработување

 

ОДАМ БОСА

Одам боса низ росна трага,
земја ме љуби, небото прага.
Тревка ме гали, шепот ми пее,
душа ми шета, срце се смее.

Чекор по чекор, не носам ништо,
само тишина и мирно дишење.
Во боси стапки – светот се буди,
со љубов тивка, чекор ми суди.

ВРЕМЕТО ЗБОРУВА

Времето зборува – тивко, без глас,
низ брчки на лисја, низ сенка и пас.
Во капка од дождот, во ветерен здив,
тоа ни шепоти: „Сѐ мине, и сѐ жив.“

Ги чува тајните во часовник стар,
во поглед на мајка, во изгрејсончар.
Не трча, не суди, само стои тука,
со спомен во рака и љубов што чука.

Времето зборува – слушај со срце,
ќе чуеш приказна што само тивко врне.

МК

 Нека тишината на Големиот Петок ја исполни твојата душа со мир,

нека жртвата Христова те допре со љубов и надеж.
Во оваа света тишина, нека се роди силата за простување,
за нов почеток и светлина во срцето.

Со вера, смирение и благослов –
чекориме кон Воскресение.


 

Од срце Ви благодарам, мила Соња 🌿
Нека ве опсипе Божјата светлина со тивка сила,
нека Ве води љубовта, верата и мирот низ сите денови што доаѓаат.
Голем благослов за Вас и за Вашите најмили – денес, и секогаш!
🙏✨

Христос страда за љубов,
а љубовта не згаснува.

🌿 Честит Голем Петок 🌿

ТАМУ ВО РОДИНА

 ТАМУ ВО РОДИНА


Таму во родина,под небесен здив,

кај што сонцето  зората ја буди,
таму кај шумите, шепотат приказни стари,

а срцето грее со спомени бели и жари.

Покрај реката што во детството ми пееше

и под липата што во душата ми грееш,

таму стапки  оставив боси

во родина што мириса на пролет и роси.

Од рид до рид,ехо носи глас

 мајчина песна нежна како од славеј глас

од татко поглед строг како војник друг,

таму растев како корен во длабок плуг.

А сега  кога патот ме однесе далеку

а, срцето чезнее,вреска во ехо меко

Јас уште сонувам под туѓо небо,

дека пак ќе се вратам ...

Таму во далечина,под звезден сјај,

уште светло свети мојот роден крај 

не заборавај ништо не е далеку кога се сака 

ти живееш, и нека е сон,

во мене во прегратка топла и во вистински  сон.


Соња Таировска Ѓурчак 

18.04.2025 Улм Германија 

četvrtak, 17. travnja 2025.

МК

 1

Нека ти мириса пролетта на љубов, 

нека ти носи пролетна инспирација,  

поетска инспирација и тивка убавина.

2

Нека мириса пролетта на љубов,
нека носи пролетна инспирација,
поетска инспирација и тивка убавина.

Прекрасно е

тоа да се слушне! Радоста и благодарноста се како светлина што го осветлува и најтихото утро. Бог да Ви даде уште повеќе мир, љубов и благослови во срцето и патот. 🙏🌸

Соња Таировска Ѓурчак
17.04. 2025 Улм

МИРИС НА ПРОЛЕТ кн 11

 

МИРИС НА ПРОЛЕТ

Во утринска тишина, се буди светот,
со мирис на јоргован и топла земја
.
Сончев зрак се спушта врз гранките голи,
и нежно ги гали, како мајка што збори.

Во воздухот плови спомен од дете,
што босо трча низ трева зелена,
со смеа што звучи како флејта во ветер,
и очи што сјаат од радост зелена.

Се отвора цветот, без да праша,
дали светот е подготвен за убавина.
Се враќа птица од долгото патување,
и пее за дома, за срце и слобода.

Пролетта не доаѓа со врева и глас,
туку со мирис – тивок и драг,
како шепот на љубов од првата прегратка,
како здив на нов живот, на надеж и праг.

Пролетта дојде – тивка, а моќна,
во моето срце засекогаш ќе остане.
Со мирис на надеж, љубов и светлина —
ја запишав оваа песна...

Автор: Соња Таировска Ѓурчак
17.04.2025 – Улм

 

utorak, 15. travnja 2025.

mk

 

 💓💓💓

Пред да почниш да го критикуваш туѓото,

погледниго своето...

 💓💓💓

Нај големиот сведок за се и во се е огледалото...

 💓💓💓

Во секој песок има дијамант

Како во секое жито кокољ...

              💗💗💗

           Учиме од животот,

            не кога е мирно,

            туку токму кога најмногу нè

            носи бурата на животот.

                💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

30. 11. 2024 Улм

 

 

 

 

nedjelja, 13. travnja 2025.

ЗА ЕДНА ЉУБОВ песна по порачка на Јовановски

 

ЗА ЕДНА ЉУБОВ

 

За една љубов свенав како цвет

За еден бакнеш останав жеден како  река сува.

А, твоето срце каме се стори

И со друг замина и оди.

 

Не не немолам за љубов

Сега знам што значи да љубиш

рана на душа остана да боли

знам и  ти сега мене ме губиш.

 

Јас сум човек кој живее и знае да сака

се едно колку во овој момент ми е мака.

Судбината таква ни била

Еден туѓинец  одмене те зеде мила.

 

За една љубов свенав како цвет

За еден бакнеш останав жеден како  река сува.

А, твоето срце каме се стори

И со друг замина и оди.

 

Соња Таировска Ѓурчак

13.04.2025 Улм