Мир Божји Христос се роди !
utorak, 7. siječnja 2025.
srijeda, 11. prosinca 2024.
НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ кн 11
НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ
На гурбет појдо и назат
не се дојдов,
дали ксмет беше што
толку далеку појдов
во далечина туѓа
земја јас Мајко дојдов
туѓа земја јас
пројдов.
Патувам со времето
се борам со
несигурноста и денес
а, верувам во она што
е посилно од мене.
Верата ме води, која
по Бога оди
во природата
вистината ја гледам
која Бог ни ја благослови и јас ја следам.
Традицијата е
наследство
а верата е најсилна.
Светот стално се
менува во блага нада
а јас го барам
одговорот
зошто овде на гурбет дојдов.
Соња Таировска Ѓурчак
11.12. 2024 Улм
četvrtak, 5. prosinca 2024.
MK
***
Во матриалната благосостојба
клучот е телесното здравје...
***
Секојдневната молитва
е умствена смиреност...
***
И смрта припаѓа во
живот...
***
Соња Таировска Ѓурчак
05. 12. 2024 Улм
subota, 30. studenoga 2024.
МК
Пред да почниш да го критикуваш туѓото,
погледниго своето...
Нај големиот сведок за се и во се е огледалото...
Во секој песок има дијамант
Како во секое жито кокољ...
Соња Таировска Ѓурчак
30. 11. 2024 Улм
МК
Куќа без темел е како бунар без вода,
Дрво без корен, го вее секој ветер
и далеку го носи,
и часовник бес сказалки неможи да го мери времето...
Се е поврзано со умственоста.
Соња Таировска Ѓурчак
30 11. 2024 Улм
nedjelja, 24. studenoga 2024.
МК
***
Патот на животот почнува од срцето.
***
И во литературата има стремежи
кој се делат на два дела
корисни и не корисни одлуката
е во нашата мисла или ум.
***
Добрите особини на човечката душа
се наоѓа во внатрешноста ,
кој се чита и надворешно
со друг збор тоа е човечка духовна особина.
Соња Таировска Ѓурчак
24.11.2024 Улм
petak, 22. studenoga 2024.
МК
Животот е мудрост,
што подлабоко гледаме во сопствениот живот и
сме задоволни сами со себе,
не бараме совршеност во ближните.
Соња Таировска Ѓурчак
21.12.2024 Улм Германија