subota, 28. rujna 2024.

НИЗ МАГЛАТА НА ВРЕМЕТО кн 11

 

НИЗ МАГЛАТА НА ВРЕМЕТО

 

Да ми е поблиску небото

да ги дофатам звездите.

Да ми е поблиску Вардат

да ги бројам голтките

на бистрата вода и рибите.

Небото ми е недофатно

а Вардар ми е далеку.

Далечината е еден век

не се мери со истрајноста.

Стапка по стапка,

низ маглата на времето.

Чекор по чекор,

низ вистината на времето.

И во се и покрај се

се е вистина, останува

небото недофатно  а Вардар далеку.

 

Соња Таировска Ѓурчак

28.09. 2024 Улм

utorak, 20. kolovoza 2024.

ГО СПАКУВАВ КУФЕРОТ

 

ГО СПАКУВАВ КУФЕРОТ

 

Го спакував  куферот

со моите измешани јазици.

Зборот остана да тлее,

во длабочината на јазикот.

Итам на познатата адреса

пред портата на мојата родина.

Се сретнав со мешавина на осамени гласови,

испревртени текстови  во позадината

на растурените бои и  јазици.

Испраќам порака до боговите на младоста

да го избришат страдањето на јазиците.

А филозофите да ја напишат песната на радоста.

Во плик со најубавите бои да ја испратат во светот.

Јас го чувам времето и вкусот на едно сеќавање

спакувано во  мојот куферот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

21.08. 2024 Улм  

nedjelja, 18. kolovoza 2024.

МК

 

Да се гради духовен и ментален ум

не се чека на времето да ја отвори вратата,

времето е сега и тука.Гради го, богочовекот вотебе...

 

Соња Таировска Ѓурчак

18.08.2024 Улм

utorak, 30. srpnja 2024.

ЗВОНИ КАМБАНАТА кн 11

 

ЗВОНИ КАМБАНАТА

 

Се отворија границите,

се помериа планините,

реките потекоа во друг правец

а птиците одлетаа на сите четири страни на светот.

 

Таму некој  раскажува што се случува денес

штедеќи ја среќата за наредниот ден.

Размислува и се чуствува  удобно

без да навлези во стравот на животот.

 

Еден ден поново ќе звони  кабаната

која ја најавуваат велигденска причесна  

човекот  кој веќе замина

нестигна да се причести во неговата горка осаменост.

 

Звони камбаната во домот на татковината

глувите нечуја, слепите не видоа.

Звухот се разлеа во боите на животот

го чувам времето, вкусот на азбуката и звухот на камбаната.

 

Соња Таировска Ѓурчак

27.07. 2024 Улм

subota, 13. srpnja 2024.

МК ...

МК

 

***

Не гледај во среќата на другите,свртисе кон сопствената ...

***

Времето сведено во страв и осудување не се враќа назат...

***

Животот нуди многу,размонтирај го стравот,изгради нешто ново...

***

Денот е долк, подзастани,размисли смисли и заблагодарисе пред да осудуваш.

***

Проблемите кој те водат по патот на стравот, изклучиги.

***

Анализирај го животот и обновија мислата со убавината на животот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

13. 07. 2024 Улм

utorak, 28. svibnja 2024.

БЛАГОДАРНИЦИ

 

Литературното поетско друштво

СВЕТЛИНАТА на ЗБОРОТ

Од Улм Германија  доделува

БЛАГОДАРНИЦА

За учество во литературното поетско читање за 2024 година

во Клубот Кирил и Методиј на

ЕЛИЗАБЕТА АТАНАСОВСКА

Преседател на Клубот                                                 Во раковоство на  

Ангел Петровски                                               Соња Таировска Ѓурчак

nedjelja, 5. svibnja 2024.

МК

 

ПАТУВАМЕ ПО БЛАГОСЛОВЕНИОТ НОВ ЖИВОТ

ДУШИТЕ ПОЛНИ БЛАГОДАРНОСТ ЉУБОВ И РАДОСТ

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА