ДУХОВНА БОРБА
Ми бега сопствената земја испод нозе,
ми се одзеде здивот,
луѓе во кои гледав светци,
поискрени од молитва,
посветли од зората.
Ги носев во срце
како икони во стар манастир,
ги љубев со вера
што не ја имав доста ни засебе.
Но кога вистината се откри
како молња со дож, стана мрак,
останав без зборови,
ми се откинаа крилата
како пера на ангел
прегазен од земни лаги.
И почна битката…
Не со светот, туку со мене.
Меѓу тоа што верував
и тоа што видов,
меѓу душата што сака
и разумот што брани,
меѓу простувањето
и бесот што не стивнува.
Се молам,
тишината ми враќа ехо
од сопствената благодарност.
Се крстам,
рацете ми треперат во слабос,
погледот, заматен од солзи,
не, не се плачи пред народ кој те издава.
Но нешто во мене
не дозволи да паднам.
Еден глас, тивок,
ама тврд како камен,
ми шепна:
„Секоја борба е благослов
кога ја водиш со вистината.“
И сега стојам, гледам во раните
кој се сведоци на изгубена вера ама жива.
Со крилја што повторно растат,
не од гордост,
туку од болка што преживувам.
Соња Таировска Ѓурчак
07.08.2025 Улм Германија
Nema komentara:
Objavi komentar