utorak, 31. listopada 2023.

ПРОЛЕТ ВО РОДНИОТ КРАЈ кн .бр 11

 

ПРОЛЕТ ВО РОДНИОТ КРАЈ

Птиците одлетаа, гнездата останаа празни,

пролет поново се буди во родниот крај.

Стариот даб разлистува како зора рана.

Со солзи во очи и писмо во рака мајка се буди.

Мирис на пролет, погача пресна од фурна селска

само децки глас, нема да се гласи покрај стара мајка.

Седна мајка на куќниот праг

солзи  бриши и гласно моли, вратете се деца мили

мајка за последно да испратите во живот вечен.

Стадото онеми во јазици туѓи.

Камбани бијат со молитва тешка

животот се дели во слогови и стихови цели.

За родниот крај заборав нема

туѓина далечна и јазикот ми го зема.

Кој е тој што лесно ќе живее утре?

Претопени во јазици туѓи

како Бездомниците под синото небо.


Соња Таировска Ѓурчак

21.10 2023 Улм

četvrtak, 26. listopada 2023.

НАПИШИ ПЕСНА кн бр 11

 

НАПИШИ ПЕСНА

Напиши песна

нека небиди само сама.

Животот нека не и тежи

поделија во слогови

и стихови цели .

Да можи лесно да патува

и да живее полесно.

Напиши песна за татковината

која одамна ја нема.

Државни договори,

скаменати  и суви водат во жив очај

во студ и глад.

Пишувам нова песна и тоа веднаш

ја ставам меѓу кориците

во учебникот по историја

урте да ја разбере некој.

Пишувам песна да ја разберам сега ЈАС .

 

Соња Таировска Ѓурчак

26.10.2023 Улм

četvrtak, 19. listopada 2023.

Мудри изреки МК кн бр 11

 

Зборот е огледало на душата.

 

Имај раскошна кочија,

извор на убави зборови.

 

Уста полна со скапоцени камења

зборови нај благородно  богаство.

 

Небарај советници,

биди советник.

 

И,зборот останува во наследство.

 

Зборот има моќна сила

не е сабја ама како сабја сечи.

nedjelja, 15. listopada 2023.

ТИШИНАТА НА ЗБОРОТ


ТИШИНАТА НА ЗБОРОТ

През целиот ден

не кажува ни еден збор,

а пишува во тетратката на денот.

Зборот твори,

помеѓу кориците на книгата.

Јазикот прозбори со тишината.

Устата остана отворена на гладните

а, зборот заминува.

Соња Таировска Ѓурчак

15.10.2023 Улм


četvrtak, 5. listopada 2023.

ПОРТА НА ВРЕМЕТО кн бр 11

 

ПОРТА НА ВРЕМЕТО

Животот има време,

а, во секое време има време.

Се преместува од камен на карпа

од еден ден на еден месец

во една година и во еден век.

Времето продолжува да патува

а човекот ја мина  портата на времето

и се сели во градината на земјата

посеана од божицта на цвеќето.

Колку сме невидливи,

помали и од еден цвет

Кој го навадува една господова солза.

Соња Таировска Ѓурчак

05. 10. 2023 Улм