utorak, 27. lipnja 2023.

СТЕБЛОТО НА СТАРАТА ЦРЕША кн бр 11

 

СТЕБЛОТО НА СТАРАТА ЦРЕША

 

Дишам, и земам здив,

земам здив, да го минам тремот

од долгата темна ноќ.

Доцнам во ноќната доба

параќи ја паежината

пред очите на расплаканото дете.

Се вселив  во просторот

на осамениот континент.

Ги собирам зборовите меѓу редовите

во белата хартија

и ги кријам во кората на осаменото стебло.

Го преместувам темелот на огнот

го гаснам пожарот кој не растемелува ,

од стеблото на старата цреша.

Соња Таировска Ѓурчак

27.06.2023 Улм

 

 

 

ШКОЛСКА ТИШИНА книга бр 11

 

ШКОЛСКА ТИШИНА 

Тишината твори през цела ден.

Во училницата на напуштеното

селско школо.

Ни пишува ни чита.

Кој знае,

кој е тој ветер што го вее

и сонот го ниша,

пред поточината

што се кријат меѓу дабовите

во гората која одамна молчи.

Не кажа ниту збор, а

потона со отворена уста

во длабочината на училницата.

Соња Таировска Ѓурчак

27. 06. 2023 Улм