ПРВИОТ БЕБЕШКИ ПЛАЧ
Од првиот бебешки
плач
до последниот збор и
атем
времето пишува.
Пишува историја која
останува
да свети во грст
светилки.
Еден патник,
патуваќи низ времето
го сретна плачот а
зборот не го разбра.
Низ прокопаната
калдрма
се губат зборовите.
Есенскиот ветер ги собира
последните паднати
жолти лисје
во џеповите и
тишината
на едно парче земја,
заминуваќи во вечниот
сон.
Соња Таировска Ѓурчак
31.08.2021 Улм