petak, 14. svibnja 2021.
ЗБРЧКАНИ СЛИКИ бр 9
subota, 1. svibnja 2021.
СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК бр.9.
СЛОБОДАТА НА
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК книга бр.9.
Војната која беше двојна,
измеѓу сдлободата и злото,
ја освои со буквата, зборот
и јазикот македонски.
Слободата е како новороденче
која се роди и живее во еден јазикот,
јазикот македонски.
А Ти богочовеку, роден во оваа слобода
ги скина сите синџири и тргна
за ослободување на македонскиот јазик.
Никна како цвет во јазикот
каде што постави и остави историја,
за Македонија и ја престави пошироко.
Вратата ја остави отворена од твоето срце,
срце кое останаа во секоја песна,
а песната остана света.
Изгради цркви,чии звона звонат
за мир и љубов, меѓу сите народи,
звонат со песните твој.
Манастирите се закитија како на Ѓурѓевден
со цветовите кој останаа да цветаат вечно
за Македонија и во македонскио јазик.
Заспа во прегратките на македонскиот јазик
и замина со зборот кој се вика љубов.
Сега те будам,те двојам и вадам од смрта,
дојди,слушниги песните твои
песни напишани со жедна љубов македонска.
„Љубовта на земјата„ „Везилка„ и
многу други песни од Блаже Коневски
остануваат живи сведоци на македонското поле.
Со почит за твоите дела и благодарност
и денес ти испраќа Македонија...
Соња Таировска Ѓурчак
01.05. 2021 Улм Германија
Велес Македонија.
АЛГИТЕ ВО СУВАТА РЕКА бр.9.
АЛГИТЕ ВО СУВАТА
РЕКА книга бр 9
Сувата река остана празна,
алгите,заминаа
слепо во песочниот замок.
На песочната улица
редица од патници
кој чекаат пред будното стебло,
во кое се вселија дивите птици.
Нозите им се соединија со алгите
чекореќи го песокот во реката.
Одеднаш порој,разиграа алгите
во коритото на реката.
Прегрнати една со друга
тагуваат за цветовите кој се
изгубија во сушата.
Семето,замина по новата улица
во непознатиот град
каде се градат кули од песок.
Собор од непознати јазици
и напуштени тела,
пред кој се раѓа нов ден.
Алгите заминаа во ноќта,
пред олтерот ја молат молитвата
држеќи во рака свеќа.
Во сувата река потече пак живот.
Соња Таировска Ѓурчак
27.04. 2021 Улм