srijeda, 10. lipnja 2020.

ПИСМО ДО РАЦИН

ПИСМО ДО РАЦИН                                                            Велес/ 22  

Во писмово, искажувам благодарност                      И во книга бр:9
за твоите творби,
учеќи ги низ школските години мои.
Не сакам да ја вознемирувам
твојата спокојна душа,
но сепак сакам се да ти кажам
и посмо да Ти пратам.
Падна ноќ,под светилка бела
мисли делам со песните твој.
Времето од времето твое
и до денес остана исто.
И денес на кантар студен
денот го мерат,
народ маки под перница крије
јадови,зора будат
и лице со солзи мијат.
Стега во гради болка тешка
и овие времиња газат судбина жешка.
Аргати останавме сите
дали дома во родина наша
или во туѓина клета,
за корка парче леб
и денес човечката душа е роб.
Мугра зора руди, секоја
душа во темнина се буди.
Писмото наше сака некој да го гори,
крв во жили течи, Македонија
секој сака на парче да ја сече.
Читај го писмово мое,
како утринска молитва во денот
сето ова сакам да го знаеш
Ти си творец кој остави многу 
и  високо остана да свети,
во цветното поле на поезијата,
во земјата наша во градот Велес
распослан по височините на двата вардарска брега.
Ти остана наш ангел буден,
писмо, јазик и на земјата наша чувар.
И по сто години пак ова писмо
и песните Твој некој ќе ги чита,
дали, и кага ќе се промени
светот нема да дознае никој.
Писмо до Рацин.

Соња Таировска Ѓурчак
10. 06. 2020 Улм

Nema komentara:

Objavi komentar