utorak, 30. lipnja 2020.

МК.ХХХ



💗💗💗

Височината на денот се мери
со добрата мисла...

💗💗💗

 Најбогатиот дом е душата
изградена во чиста несебична љубов...

💗💗💗

Добро е многу да се знае,
подобро е да се учат нови лекции
која ги нуди животот...


💗💗💗

Колку е убаво да бидиш
добар ученик,него лош учител.


💗💗💗

Неможи се да се види со очите
ако срцето е слепо.

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак
27.06.2020 Улм

💗💗💗
Сатот не го мери само времето,
него не води до целта на денот...

💗💗💗

Сите народи се добри
и заслужуваат почит,
ако сопствената мисла е добра.

💗💗💗

Во моливот се наоѓа сета вистина
и кога го оштриме болно,
и кога грешките ги бришиме со гумичката
сепак многу јасно со срцето на моливот
продолжуваме да пишуваме.

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
28.06.2020 Улм

💗💗💗

Времето не го одредува
правецот на животот,
нити го продолжува денот...

💗💗💗

Душата останува вечно млада
кога живее во времето исполнето во
љубовта на светлината...

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
30.06. 2020 Улм






nedjelja, 21. lipnja 2020.

DE XXX


💗💗💗


Sei einer von denen tollen Menschen
mit reichen positiven und unbegrenzten Gedanken.

💗💗💗

Freundliche Leute sind meiste diejenigen
mit einem Überfloss an Gedanken.


💗💗💗

subota, 13. lipnja 2020.

МК ХХХ



 💗💗💗


По утрото се препознава денот,
а човекот по делата,мислата и зборот.

💗💗💗

Стрпливи и мирно починисе во сонот
да можиш нешто да промениш во денот.


 💗💗💗

Времето,
во секое време е најголемото богаство
што го поседуваме сега и тука.


💗💗💗

Изворот на денот се вика радост.


💗💗💗

 И кога заминуваш во ноќното патување со сонот
мислата останува будна.


💗💗💗


Несебично дарежлива е природата
секој плод е благословен.

💗💗💗




srijeda, 10. lipnja 2020.

ПИСМО ДО РАЦИН

ПИСМО ДО РАЦИН                                                            Велес/ 22  

Во писмово, искажувам благодарност                      И во книга бр:9
за твоите творби,
учеќи ги низ школските години мои.
Не сакам да ја вознемирувам
твојата спокојна душа,
но сепак сакам се да ти кажам
и посмо да Ти пратам.
Падна ноќ,под светилка бела
мисли делам со песните твој.
Времето од времето твое
и до денес остана исто.
И денес на кантар студен
денот го мерат,
народ маки под перница крије
јадови,зора будат
и лице со солзи мијат.
Стега во гради болка тешка
и овие времиња газат судбина жешка.
Аргати останавме сите
дали дома во родина наша
или во туѓина клета,
за корка парче леб
и денес човечката душа е роб.
Мугра зора руди, секоја
душа во темнина се буди.
Писмото наше сака некој да го гори,
крв во жили течи, Македонија
секој сака на парче да ја сече.
Читај го писмово мое,
како утринска молитва во денот
сето ова сакам да го знаеш
Ти си творец кој остави многу 
и  високо остана да свети,
во цветното поле на поезијата,
во земјата наша во градот Велес
распослан по височините на двата вардарска брега.
Ти остана наш ангел буден,
писмо, јазик и на земјата наша чувар.
И по сто години пак ова писмо
и песните Твој некој ќе ги чита,
дали, и кага ќе се промени
светот нема да дознае никој.
Писмо до Рацин.

Соња Таировска Ѓурчак
10. 06. 2020 Улм

četvrtak, 4. lipnja 2020.

МК ххх

💗💗💗

Изворите извираат,
гласот е жеден
чашата полна и молчи.

💗💗💗


Мислата е најголемата височина,
од која се раѓаат чуда. 

💗💗💗 

Најдобриот лек за здравјето
е убавата чиста мисла.

💗💗💗

И најбогатото природно јаденје 
можи да биди отров за душата 
ако ја прогонуваат лоши неблагородни мисли.

💗💗💗

 Мислата  е сопственик на секоја душа 
која води во два правца,убав или лош.


💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак
04. 06. 2020 Улм