utorak, 13. ožujka 2018.

ПИСМО ДО МАЈКА БЕЗ АДРЕСА

ПИСМО ДО МАЈКА БЕЗ АДРЕСА

Сега,адреса немам
а писмо спремам.
На која адреса да го пратам
или треба само да го сватам.
Низ букви адреса се губи
спомени цветни мајцини буди.
Спомен што блеска,
спомен од солза мајчина жешка
спомен како гора тешка.
Последна здивка од тебе ојде
каде каде ли појде?
Дали во облаци летна ?
Потрчав да ја видам,
јабана ме направи слепа
очи претвори во река.
Тапкав до твоето само смирено тело
како во мирисна градина
посадено во цвеќе бело.
Сакав да те гушнам
сакав уште глас да слушнам .
Уморно измачено тело
најде сега мир и вечен спокој.
Очи спијат, усни незборат
тишина и молитва те обли.
И ако те нема јас те барам.
Во облаци ми бегаш
зад агол се криеш.
Ах мајко ти негде само спиеш.
Птица од вечен сон ќе те буди
и писмо мое ќе ти нуди.
Под перница твоја мајко
остави аманет за сите,
да се следи вистина и правда
ВЕРА,ЉУБОВ,НАДА
во срце да се носи.
Аманет убав,аманет голем,
аманет богат,богат,богат.
Тоа е се што понесов мајко од тебе
и тоа ќе оставам
Писмо до мајка без адреса .






nedjelja, 11. ožujka 2018.

МК ....

💗💗💗

Успех е самодоверба.


💗💗💗

Клучот за убав живот лежи
во вистината и почитувањето
кон себе и кон сите околу тебе.

💗💗💗

Денот е пристаниште
на секој брод
пол со радост...

 Убавиот збор не умира,
не се заборава
останува бесмртен.....






 💗💗💗

ХРИСТОС ВАСКРЕСЕ Овој ден е светлина, радост,младост која не води во вистината на животот. Патека полна љубов, сите наши желби растат како оваа убава пролет,животот е пролет, расти, цвета и дарува волшебна сила кој за нас уште многу, многу непозната е,ја гледаме само површината и потребите,незнаеќи дека во длабочината се крие богаството убавината и благословот од БОГА. Најголемото неоткриено богаство кој секој секаш и секаде го носи.ИМАЈТЕ РАДОСТ ХРИСТОС ВАСКРЕСЕ...

srijeda, 7. ožujka 2018.

ЗВЕЗДЕНА ТАЈНА


ЗВЕЗДЕНА ТАЈНА                                      Во книгата бр: 9

Далеку е,далеку е небото,
далеку е патот до звездите
далеку се очите на земјата моја,
покриени со ноќта туѓа.
Изморена,стуткана во прегратките туѓи
во постелата на љубовта
во соницата на душата,
милно гледа во длабочината
на звездената тајна.
Тајна на оваа светлина
тајна во очите на ноќта.

Соња Таировска Ѓурчак
07. 03. 2018 Улм