subota, 28. listopada 2017.

ХХХХХ МК

💗💗💗

Карактерот се гледа
пред сопственото огледало.

💗💗💗

Слободата царува
пред портата на мудроста.

💗💗💗

Верувајте во себе
и во другите околу себе.

srijeda, 25. listopada 2017.

ХХХХХ. МК

Животот нема галеничиња,
за сите нуди исто, 
среќа, здравја,радост,љубов.....

💗💗💗

Убавата мисла гради мостови
не огради,...

💗💗💗

Слободата царува.

💗💗💗

Благодарниците се радост
а животот одговорност.


utorak, 17. listopada 2017.

ПО ПОТРАГА бр.9.

ПО ПОТРАГАТА                                                         Во книга бр 9

Сите патишта го променија правецот
а времето застана.
Птиците летаат во груг,
а рибите пливаат во водите на жалоста.
Се се смени, се се промени,
само адресата остана точна
од болната душа,
адресата од времето
и улицата со истиот број.
Од која чешма сега
течи водата на животот,
која река е пери тагата
на болната душа.
Од кој извор извира
силата на самодовербата.
По потрага
која е распослана во туѓината.
По потрага
која патува низ пустината.
По потрага на времето
одам и одговор барам.

Соња Таировска Ѓурчак
31. 06. 2016 Бад Швалбах

ЕДНА СТАРИЦА

ЕДНА СТАРИЦА

Минува по лицето на земјата
по улиците на очите
буди сеќавања
дарува надеж,
тагува и крие ,
за сонот кои уште спие.
По улиците потекоја солзи,
прегратките останаа празни,
една старица ја мина земјата,
во шамијата остави љубов.

Соња Таировска Ѓурчак
17. 10. 2017 Улм

хххххМК

Bild könnte enthalten: 1 PersonВо секој живот има радост.

ponedjeljak, 16. listopada 2017.

ххххх мк


 💗💗💗

Зборот е симбол на човечката душа,
 а вистината се крие многу подалеку,
без него ја губиме тежината на животот.

💗💗💗

Молчи и читај
читај ги умовите туѓи
одговорот нема да ти изостани.

ponedjeljak, 9. listopada 2017.

ХХХХХ МК



💗💗💗
Отвори го прозорот на душата,
ќе го видиш цел свет.

💗💗💗

Светот е мал,
кога имаш големо срце.

💗💗💗

Секое добро носи добро.

💗💗💗

utorak, 3. listopada 2017.

РОДЕНДЕНСКИ ЧЕСТИТКИ

 💗💗💗

И овој ден светна,
птица со честитка во облаци летна,
Ти носи време во радост 
и безброј години во младост 
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!

💗💗💗 


Живот је пун лепих ствари, 
и зато нема времена да стари,
и овај дан нуди радост
а године младост.


СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ! 

💗💗💗

 ,godinite naka Vi se mnozat,mislite neka se rojat,radosta podeleteja so site,od nasmevkata neka se cita i se sto vi e milo so vas bilo.SREKEN RODENDEN!


 💗💗💗 


nedjelja, 1. listopada 2017.

ХХХХХ...МК


 💗💗💗💗💗

Зората ми е младост,
се будам во радост,
денот го редам во слога,
секој ден ми е подарок од Бога.

💗💗💗💗💗

Овој ден носи радост,
здравје,среќа, богаство и сила
секоја душа, плна е љубов мила.

💗💗💗💗💗

Убавината на денот нема мера ,
здравје,среќа,љувов не се продава,
ни купува со цена.

💗💗💗💗💗

 
Се разбуди денот,
процветаа цветовите
прозборија јазиците
се слуша песната на денот.

💗💗💗💗💗