petak, 30. prosinca 2016.

ОВДЕ


И ОВАА ГОДИНА


ВИСТИНАТА НА СОНОТ


ВИСТИНАТА НА СОНОТ

Погледот застана таму,
каде душата замина и
со сонот се бори.
Под урнатини, камења тешки,
прегратки празни,
темнина и болка остана
длабоко во длабочините на
сопственоста на душата,
во зборот празен.
Вените мои,
станаа улици твои,
и времето пишува,
писма праќа......разни.
Знам во овој живот постои закон
во пазувата на утробата
се крие мирисот на животот,
кои е бесмртен.
Душата таласа,
по посевите на полето,
цути сончогледот и се врти
како разиграно дете
со погледот кој бега и ја бара
вистината на сонот.

Соња Таировска Ѓурчак
30.12. 2016 Улм



ГОДИНА ЦЕЛА

ГОДИНА ЦЕЛА

Измина и оваа година цела
за неа нема веќа цена,
рака подава по година нова и,
и вели сега ела,
Ти годино нова.
Полна бев со радост
и во бело руво младост.
Слава имај сега
Ти годино нова,
секое лошо од тебе нека бега,
имај мир и биди љубов полна
Ти годино нова.

Соња Таировска Ѓурчак
30. 12. 2016 Улм

КАНДИЛОТО НА ДЕНОТ

 
 
КАНДИЛОТО НА ДЕНОТ                             Во книга бр   9

Солзи,
истурени по перницата,
во ноќта,
во тишината,
во темнината.
Солзи,
кој се цедат во масло
и, свети кандилото на денот.
По улиците на денот
очите ја испишуваат
тагата и болката.
Чаша полна солзи,
болка скриена во ноти,
пред кандилото на денот.
Низ завесата,
минува погледот на денот,
кандилото свети и го буди сонот.
Тежината неизмерно тежи,
душата гори,
а, светлината го буди денот.
Денот диши,
пред зимската ноќ
смрзната и ладна,
трепереќи ја чека
утринската мајска магла а
багремот го чека цветниот ден.
Ден, мирис на Мај,
ден,мирис на цвет,
мирис на бесмртен ден.
Пијсажот зимски се топи пред
кандилото на денот.
Солзите станаа роб на лицеето
милуваќи ја светлината на денот.
Во храмот на небото
спомени,
мисли разлеани,
треперат очите на звездите а,
ветрот, милуваќи ги бриши солзите
пред кандилото на денот.
Светлината патува
а, сенките го чекаат
вистинскиот животен сон......

Соња Таировска Ѓурчак
30. 12. 2016 Улм


srijeda, 28. prosinca 2016.

ВЕ САКАМ

ВЕ САКАМ,
најпрво на Баба и Дедо,
на Мама и Тато
на Дада и Бато,
благодарам сакам да ви речам,
вие сте огледало и украс на моето дество.
Зато итам и елката ја китам
со многу убави желби во
2017 год.
ви испраќам и,
да ви кажам дека сите ве сакам.
Тоа е најголемиот дар,
што ќе ви го донеси од мене Дедо МРАС.
ВЕ САКАМ.

Соња Таировска Ѓурчак
28. 12. 2016 Улм

subota, 24. prosinca 2016.

СВЕТЛИНА

Во секое време, светлината е струја,
која го осветлува патот на животот.


petak, 16. prosinca 2016.

ЗБОРОТ Е ЖИВ бр.9.

ЗБОРОТ Е ЖИВ

Се раѓа од утробата на мислата,
живее измеѓу животот и смрта,
вистинсака неоткриена тајна
не забележуваќи живее и збори.
Убави зборови се редат,
и овој живот го следат.
Зборот е жив и живее,
и после смрта,
останува вечност, во просторот
распослан под звезденото небо.
Збор ко звезда зрачи,
во животот многу значи.
Зборот е жив и живее,
во колефката на живото,која диши.
Мудро почитуваќи го животот
следеќи го изворот од каде се раѓа
зборот кој е жив и живее.
Тродољубива река носи убав збор,
добриот збор е радост
исполнет и осветлен во младост.
Зборот е жив и живее
во стеблото на благородното дрво
кое раѓа плод на животот.....

Соња Таировска Ѓурчак
16. 12. 2016 Улм

nedjelja, 11. prosinca 2016.

ЗАКОН НА ВРЕМЕТО

ЗАКОН НА ВРЕМЕТО

.................Во длабочината на светлината и во просторот постои време,време кое треба да се запознае,запознавање е и препознавање на вистината.Запознавање на околината а најзначајното е и да се запознаеме себеси.Во сите творечки мисли,без разлика колку се големи или мали,сите се светлина на висината.Човекот е една големина само тогаш кога ќе се препознае во мислите скриени во огледалото на внатрешниот свет,тој свет е слобода која има одговорност во законот на времето. Кантарот со која ја мериме нашата мисла, е кантар на добро и зло.Доброто е извор на успехот, огледало на светлината. Зад завесата се крие одговорноста на човечката мисла која го менува нашиот карактер, несвесно се злоупотребува,  љубовта закон на времето.....Светлината е огледало,доброто подарено на нашите блиски,и добрите дела се посеви по градината законот на времето......Сакам,можам и творам со светлината на огледалото.......

Соња Таировска Ѓурчак
11. 12. 2016 улм

srijeda, 7. prosinca 2016.

И денес


И денес!
Денот нека лета,
во радост нека цвета
убава мисла нека води
со љубов нека оди.

utorak, 6. prosinca 2016.

Зората не буди

Зората не буди
нови слики нуди
утрото светлина листа
денот во радост на сите
нека им блиста.


 Соња Таировска Ѓурчак
 06. 12. 2016  улм

ПРОМОЦИЈА СКОПЈЕ