subota, 23. studenoga 2013.

ПОСИНАТ СИН



Низ векови ја ткаеа
народната песна и приказна.
Направија темели
во литературата и културата,
од мојата родина и татковина.
А јас посинет син!
Измрзнав во прегратките
на втората мајка, маќеа.
Посинат син во оваа земја
земја на заност, земја на блесок,
земја на забрзана цивилизација.
Измрзнав овде како сирак.
Посинат син!
Во вечерните часови ме напаѓа жед
изморен од тежината на денот.
Водата ме опива а жед негаси
чаша полна со песни и приказни
тоа е лек за мојата жед.
Често посакувам да бидам
чест гостин во мојата родна земја.
Да бидам ковач на мојата судбина.
Солзи веќе немам,
а срцето уште ми плачи.
До кога ќе бидам посинет син?


utorak, 19. studenoga 2013.

КУКЛА ОД КАЛ




 КУКЛА ОД КАЛ


Без улица и без број,

направена е кукла
од кал и без крој.
На небо, звезди сјајни
а тие очи од кал,
пиат светлина љубов и сјај.
Мирис на коса слама и кал
тоа е нејзин мајски цвет
мирис на рај.
Ја мијат дождови силни,
насмевка од лице шета,
под капка дож лета.
И кога ветре вее
прашина и кукла од кал
со љубов до небо песна пее.
Без улица и без број,
направена е кукла
од кал и без крој.

utorak, 5. studenoga 2013.

Денот е празник

Кога зората се раѓа
денот ме буди,
и празник ми нуди.
Кога сите бродови ке запловат
со бурата на денот,
за мене е празник денот.
Во длабочини убавини тлеат
во разиграно море се леат.
Разиграно море и мисли чисти
имаат празник исти.
Насмевки нежни и благи
ќе се делат,
од морето разиграни
бранови ми велат:
Денот ти е празник.


nedjelja, 3. studenoga 2013.

Гори

Како катран црн душа се стори,
како црн ќумур се во душа  гори,
прав пепел сака да ја  стори.
Љубов со катран ќумур се бори
во голема љубов сака да свети и да гори
ќумур катран љубов со пепел ќе ги пери.
Љубовта е јака и знаае да сака.