РЃОСАНИОТ
ФЕНЕР
Рѓоса фенерот во заборав,
треперејќи како очи во солзи.
Во небото остана затворено писмо
што никој не се осмели да го отвори и прочита.
Само ветерот се слуша —
немиот сведок на расправијата
помеѓу минатото и иднината.
Дрвото, пресечено,
во шепот со тивкиот ветер
сака да каже:
„И во болката има болка,
и во смртта има време,
и во рѓата има, и рѓа, и
време.“
Соња Таировска Ѓурчак
29.06. 2025 Улм
Nema komentara:
Objavi komentar