subota, 14. lipnja 2025.

ЗБОРОТ Е СВЕТЛИНА

 ЗБОРОТ Е СВЕТЛИНА 

Зборот е светлина која искажува чуства и искуства.Со зборот се потикнуваме и поврзуваме.Зборот е повеќе од средство за кумуникација.Зборот станува реалност и остава болни траги во душата на оние што слушаат и за кого се упатени.  Зборот го осветлува и најтемниот агол во времето и просторот,затоа да ги бираме мудро нашите зборови да не повредиме да не понижиме да ја погазиме добрината за некој кој жртвувал време и имал почит према нас.Благодарноста излегува од светлината на душата и од изворот на срцето.Ако тоа го нема ?

💗💗💗

Од неблагодарната душа никогаш неможи да очекуваш светлина и убав збор.„

💗💗💗

 Да бидиш човек,потребно ти е едно море труд,за нечовек доста е и една капка да потониш,во морето на животот.

💗💗💗

Човечанството со години се гради,  се руши за миг...

💗💗💗

Во разбојот на животот, да исткаеш дипла и  да чекори богочовечка душа понеја се ткае конец по конец ,да се скине треба само една нишка.

💗💗💗

Да изградиш карактер трае цел век да падне треба еден момент.

💗💗💗

Да станиш човек треба многу ,а нечовек само еден миг.

💗💗💗

Човекот се гради во време и дело,еден збор руши се.

💗💗💗

Зборот не е само збор , зборот е жив ,тој е украс и светлина на твојата душа.

💗💗💗

Чувај ја таа светлина во себе , таа прави чуда!

 💗💗💗

 

Соња Таировска Ѓурчак

14.06 2025 Улм Германија.

Nema komentara:

Objavi komentar