nedjelja, 29. lipnja 2025.

СПОМЕНИ ОД КАМЕНАТА КУЌА

 СПОМЕНИ ОД КАМЕНАТА КУЌА

Се наведнува сенката над
нашата стара камена куќа.
Сака да го зграпчи последниот здив од времето.
Од прозорецот ѕиркаат очите на разиграните деца ,кој останаа
сведоци на се она што било и она што никогаш нема да биди.
Тивко чука срцето во дворот на камената наша куќа
под радоста на изодените децки стапки.
На секој камен е испишан белег
помеѓу спомените и времето на заборавот.
А јас стојам со полни очи солзи!
И душата ,одвоена од родното мое место
и, од времето што го мери само времето.
Камената куќа остана со пресечени жили
Во тивок шепот сака само да кажи:
„И во коренот има болка„

Соња Таировска Ѓурчак
29.06.2025 Улм Германија

Nema komentara:

Objavi komentar