subota, 14. lipnja 2025.

ПОЧИТУВАНИ

  Почитувани,

Вашите деца се и наш македонски украс.Во просториите на македонскиот Клуб Кирил и Методиј се организира децки ликовен проект ДА РАСТИМЕ ЗАЕДНО.Вашите деца ја имаат благородната почит од Организаторскиот Одбор да учествуваат во овој проект со нивните први ликовни слики по нивна желба.
Во Клубот Кирил и Методиј
кој работи секоја недела од 16,00 часот на
Platzgasse 18 vo Ulm
За поширока информација на телефон
Соња Ѓурчак
01627851866
Со почот од Раковоството на Клубот.
Кирил и Методија
17.05 .2025 Улм

ЗБОРОТ Е СВЕТЛИНА

 ЗБОРОТ Е СВЕТЛИНА 

Зборот е светлина која искажува чуства и искуства.Со зборот се потикнуваме и поврзуваме.Зборот е повеќе од средство за кумуникација.Зборот станува реалност и остава болни траги во душата на оние што слушаат и за кого се упатени.  Зборот го осветлува и најтемниот агол во времето и просторот,затоа да ги бираме мудро нашите зборови да не повредиме да не понижиме да ја погазиме добрината за некој кој жртвувал време и имал почит према нас.Благодарноста излегува од светлината на душата и од изворот на срцето.Ако тоа го нема ?

💗💗💗

Од неблагодарната душа никогаш неможи да очекуваш светлина и убав збор.„

💗💗💗

 Да бидиш човек,потребно ти е едно море труд,за нечовек доста е и една капка да потониш,во морето на животот.

💗💗💗

Човечанството со години се гради,  се руши за миг...

💗💗💗

Во разбојот на животот, да исткаеш дипла и  да чекори богочовечка душа понеја се ткае конец по конец ,да се скине треба само една нишка.

💗💗💗

Да изградиш карактер трае цел век да падне треба еден момент.

💗💗💗

Да станиш човек треба многу ,а нечовек само еден миг.

💗💗💗

Човекот се гради во време и дело,еден збор руши се.

💗💗💗

Зборот не е само збор , зборот е жив ,тој е украс и светлина на твојата душа.

💗💗💗

Чувај ја таа светлина во себе , таа прави чуда!

 💗💗💗

 

Соња Таировска Ѓурчак

14.06 2025 Улм Германија.

ponedjeljak, 9. lipnja 2025.

BAREM U SNU DODJI MI OPET

 

BAREM U SNU, DOĐI MI OPET

U tišini noći, kad zvezde sjaju,
još čujem korake tvoje blage.
Prošlo je vreme, a dusa pamti,
osmeh tvoj blagi, i zagrljaj dugi.


Barem u snu, dođi mi opet,
nek srce zadrhti, nek duša poleti.
Ko nekad da mi šapneš: 
i nase uspomene.da budis

U svaku pesmu, u svaku reči,
tvoje ime pisem.
Čekam te tiho, i broim dane,
ljubav se ne briše, ni kad ne stane.


Barem u snu, dođi mi opet,
nek srce zadrhti, nek duša poleti.
Ko nekad da mi šapneš 
i nase uspomene da budis.

I kad me zora iz sna budi,
još miris tvoj u  sobi dise
Svetlost me budi, a tebe nema,
al, srce te jos uvek ljubi.


Barem u snu… dođi mi opet,

Sonja Tairovska Djurcak

09.06.2025 Ulm 



МК

 

Кога почнуваме да го губиме патот под сопствените нозе,почнуваме да ги осодуваме сите други,и бараме во секого некоја вина ,омаложуваме наместо да гледаме светлина се бега под сенка наместо да бараме благослов,и да почниме да се будиме од сонот во кој сме залутале.


💗💗💗

Во неправедност не се бараме оправдување...

 💗💗💗

Заобиколија сенката,чекори по патот на светлината...

 💗💗💗

Голема е разликата измеѓу врева и вредност...

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак 

09.06. 2025 Улм 

nedjelja, 8. lipnja 2025.

МК

 💗💗💗

За среќен живот нема формула,

само начин на живот кој сами го градиме.

 💗💗💗

Најсреќна е благодарната душа.

 💗💗💗

Среќата е момент на тука и сега.

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

08.06.2025 Улм 

 

 



subota, 7. lipnja 2025.

ДА СЕ САКА

 

ДА СЕ САКА

Да се сака, не е само збор,
ни чувство што доаѓа
и си оди.
Да се сака е
мисла кој се раѓа
како утринска
зора и светлина

што се распостила во денот.

Сакаш и слушаш и кога дрвото молчи,

а ти го разбираш и се радуваш.
Сакаш не затоа што мораш,
затоа што душата т
ака ти сака.
Таа е љубов која чекори во мислите твои.

Сакаш и светот го гледаш со отворена душа,

во твојата мисла  се е совршено

и во се има радост.

Светот е жив а животот е радост.

Вистински и твој, вонего, тоа си Ти .
Кога се сака...

Соња Таировска Ѓурчак

07.06.2025 Улм

petak, 6. lipnja 2025.

САКАМ ДА ТЕ СРЕТНАМ

 САКАМ ДА СЕ СРЕТНАМ

Времето минува, низ моите поседени коси
патуваќи со туѓата цена на сонот.
Денот ме буди , во пригодата на вистината,
да се сретнам восебе, во сопственото Јас,
пред отворената книга.
Сакам да се сретнам
со сенката на белиот облаг.
Со буквите исплетени низ корењата.
Да ги прелистувам страниците,
со белите букви испишани на цветниот баграм .
Под белите цветни букви
душата го крие шумот на Татковината,
а една солза се тркала како карпа
паѓајќи во потокот на тишната
и осветлуваќи ја Татковината.
Соња Таировска Ѓурчак
11.05.2023 Улм

МК

 „Проговарам и се сеќавам уште од младоста ,точно уште тогаш ја почувствував среќата на животот. Истото чувство ме следи и денес, како и пред многу години. Тоа што еднаш ќе го видиш и ќе го доживееш, останува со тебе засекогаш , расти,цвета во цветната градина на животот, како заплет од младоста што никогаш не те напушта.“




Драги мои родители,

Иако веќе не сте физички со мене, вашата љубов, вашиот глас и вашите зборови одекнуваат во моето срце секој ден. Ви благодарам што ми дадовте живот, што ме воспитавте со љубов и чесност, што ми покажавте што значи да се биде добар човек.

Секој ваш совет, секоја ваша жртва, секоја ваша прегратка, засекогаш ќе ги носам со себе. Ви должам сè што сум денес. Ви благодарам што бевте моја сила, мој пример и мој дом.

Недостигате неизмерно. Нека ви е вечен мирот.  Ве сакам засекогаш.

Вашето дете Соња.

06.06 2025  Улм


četvrtak, 5. lipnja 2025.

МК

 Една убава мисла и потсетник во секојдневијето,не забораваја добрината што си ја добил од богочовечката душа,која ти подала рака и те подигнала од дното, ја бараше светлината, кога се друго беше мрак околу тебе...Не заборавај! Благодарноста е света и се чува во душата...Не заборавај!

МК

 

💗💗💗

Верувај во зборот што од срце и душа излегува...

💗💗💗

Во зборот има светлина ,ако не ја кажуваш вистината ја касииш твојата светлина која станува темнина. 

💗💗💗

Еден убав збор има моќна сила да го промени светот.

💗💗💗

Веувај во зборот а мисли што зборуваш и кое светло пред очите го палиш и гасиш.

💗💗💗

Животот е преубав кога гледаш со сопствени очи,и без лажни коментари...


Соња Таировска Ѓурчак

05.06.2025 Улм 

srijeda, 4. lipnja 2025.

МК

 

 💗💗💗

Тишината не создава прашина

ни пак магла продава...

 

💗💗💗 

Животот нуди многу, тивко ветре,со цветен мирис,

можи да стани и  силна олуја

и го сменува смерот на патувањето,

останува само заборавено чуство...

💗💗💗


Соња Таировска Ѓурчак

04.06. 2025 Улм 

nedjelja, 1. lipnja 2025.

МК

 💗💗💗

На секое дрво, лисјата му даваат убавина,исто така и зборовите наши се украс на нашата душа, ја откриваат внатрешноста на човекот...

💗💗💗

Зборот е огледало на душата, карактерот и мудроста...

💗💗💗

Начинот на кој зборуваме и што зборуваме тоа е по што не паптат другите...

💗💗💗

Зборовите се стрела или сабја,еден збор проговорен не се враќа,или сечи како сабја..

💗💗💗

Соња Таировска Ѓурчак

01.06.2025 Улм