ЗБОРОТ Е СВЕТЛИНА
Зборот е светлина која искажува чуства и искуства.Со зборот се потикнуваме и поврзуваме.Зборот е повеќе од средство за кумуникација.Зборот станува реалност и остава болни траги во душата на оние што слушаат и за кого се упатени. Зборот го осветлува и најтемниот агол во времето и просторот,затоа да ги бираме мудро нашите зборови да не повредиме да не понижиме да ја погазиме добрината за некој кој жртвувал време и имал почит према нас.Благодарноста излегува од светлината на душата и од изворот на срцето.Ако тоа го нема ?
💗💗💗
„Од неблагодарната душа никогаш неможи да очекуваш светлина и убав збор.„
💗💗💗
Да бидиш човек,потребно
ти е едно море труд,за нечовек доста е и една капка да потониш,во морето на животот.
💗💗💗
Човечанството со
години се гради, се руши за миг...
💗💗💗
Во разбојот на
животот, да исткаеш дипла и да чекори
богочовечка душа понеја се ткае конец по конец ,да се скине треба само една
нишка.
💗💗💗
Да изградиш карактер трае цел век да падне треба еден момент.
💗💗💗
Да станиш човек треба многу ,а нечовек само еден миг.
💗💗💗
Човекот се гради во време и дело,еден збор руши се.
💗💗💗
Зборот не е само збор , зборот е жив ,тој е украс и светлина на твојата
душа.
💗💗💗
Чувај ја таа светлина во себе , таа прави чуда!
💗💗💗
Соња Таировска Ѓурчак
14.06 2025 Улм Германија.