srijeda, 11. prosinca 2024.

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ кн 11

 

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ

На гурбет појдо и назат не се дојдов,

дали ксмет беше што толку далеку појдов

во далечина туѓа земја јас Мајко  дојдов

туѓа земја јас пројдов.

Патувам со времето

се борам со несигурноста и денес

а, верувам во она што е посилно од мене.

Верата ме води, која по  Бога оди

во природата вистината  ја гледам

која Бог  ни ја благослови и јас ја следам.

Традицијата е наследство

а верата е најсилна.

Светот стално се менува во блага нада

а јас го барам одговорот

зошто овде на гурбет дојдов.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11.12. 2024 Улм

četvrtak, 5. prosinca 2024.

MK

 

***

Во матриалната благосостојба клучот е телесното здравје...

***

Секојдневната молитва е умствена  смиреност...

***

И смрта припаѓа во живот...

***

Соња Таировска Ѓурчак

05. 12. 2024 Улм