ГО СПАКУВАВ КУФЕРОТ
Го спакував куферот
со моите измешани јазици.
Зборот остана да тлее,
во длабочината на јазикот.
Итам на познатата адреса
пред портата на мојата
родина.
Се сретнав со мешавина на
осамени гласови,
испревртени текстови во позадината
на растурените бои и јазици.
Испраќам порака до боговите
на младоста
да го избришат страдањето
на јазиците.
А филозофите да ја напишат
песната на радоста.
Во плик со најубавите бои
да ја испратат во светот.
Јас го чувам времето и
вкусот на едно сеќавање
спакувано во мојот куферот.
Соња Таировска Ѓурчак
21.08. 2024 Улм