četvrtak, 28. ožujka 2024.

MK

 ***

Човекот е многу сличен на водата.

Водата сама си го пронаоѓа патот

каде ќе течи,

така и човекот сам си го одредува местото

каде и со кого ќе живее.

***

Пустината оживува и цвета

ако посееме семе кое љубов се вика.

***

Каде има проблем,  

има и решение.

***

За секоја болка има и лек.

***

Господ е жив и владатер на нашиот живот,

разбирањето на вистината е благословена.

***

Господовaта  моќ

неможи никој да ја загрози.

***

Соња Таировска Ѓурчак.

28.03.2024 Улм 

ponedjeljak, 25. ožujka 2024.

МК

 Облак меѓу облаците ,

иза извор на сонцето.
Прозорецот се затвора а
мислата бега .
Соња Таировска Ѓурчак
25.03.2024

četvrtak, 7. ožujka 2024.

ДА! ЈАС СУМ ЖЕНА кн 11

ДА! ЈАС СУМ ЖЕНА !

Да јас сум жена,  родена во овој чуден свет.

Да јас сум  жена и мајка

на моите чеда, баба на моите внуци.

Сестра и тетка,вујна по родот мои и негов.

Да, јас сум жена!

Стожар на мојот дом.

Со радост во душата, гордо стојам и

слободно го кажувам она што го  мислам,

што е скриено пред времето на жената.

Да јас сум жена!

пролет во плодна земја.

Не,не  се плашам пред човекот кој ја гази  мојата сенка

слободно стојам пред задачата моја.

Да, Јас сум жена!

Исто како и ти, сите ние сме столб на љубовта

извор на морето кое се вика живот.

Да,Јас сум жена!

Побрзај,потрчај пак како вчера

денес исто како вчера

утре пак исто како денес,

и  секогаш е ист денот на жена.

Дали некој тоа го гледа и цени, не, тоа не е важно.

Да,јас сум жена.


Соња Таировска Ѓурчак

07.03.2024 Улм 



БИОГРАИЈА бр 2

 

Биографија:

Соња Таировска Ѓурчак родена на 1954 во Јасеново,Извор, Велес.
Творечките темели почна да ги гради  уште во школските денови
. После средно образование заминува на привремена работа во Германија каде што и денес  живее и твори далеку од родниот  крај,но занеа правилото постои и сега, каде и сама вели:
Љубов со љубов само се мери и со ништо не можи да се смени.

Ова се нејзини објавени досегашни дела:

СОЛЗА И ЉУБОВ
 2013. поезија
ЖИВОТ,СРЕЌА, ЉУБОВ 2013. афоризми
ПОЕТСКА ПЛЕТЕНКА 2015. поезија
ПОЕТСКИ БЕЛЕГ 2016 . поезија
ГЛАС НА ВРЕМЕТО 2017 . поезија
ВО ЖИВОТИНСКОТО ЦАРСТВО 2017 детски расказ.
ПОД ШАМИЈА ТУЃА  2018 .поезија
СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ поезија со Германси превод

ВО КУЌАТА НА ЗБОРОТ   2021 поезија 

ПЕСНИ И АФОРИЗМИ   2022 
Blogger: seit ,2012
Sonja Durcak zivotot e prikazna
sonja.durcak@gmail.com