srijeda, 27. prosinca 2023.

ЗВОНАТ ЗВОНА кн бр 11

 

ЗВОНАТ ЗВОНА

 

Звонат, звона и ангели пеат

земја се треси, од небо  светлина паѓа

духот свети се раѓа.

Исус се роди!

Божиќна песна Марија пее

за љубов во секој дом.

Сега и сите 365 ден во новава година

Добредојде во домот мој .

Ти се роди од божиот збор

тивко во ноќта од  духот свети

и ја пренесе сета

господова љубов во  сите нас.

Звонат звона и анѓели пеат

Исус се роди!

 

Соња Таировска Ѓурчак

25.12. 2023 Улм

srijeda, 20. prosinca 2023.

МК

 

Публиката се радува

на туѓа невоља.

 

Никој неноси терет

ако не е платен.

 

Во животот секаде се касни,

само смрта е точна во животот

и никогаш некасни.

 

Куката е празна

ако не е изполнета со љубов.

 

Годините минат брзо

а, денот е долг.

 

Соња Таировска Ѓурчак

20. 12. 2023 Улм

 

 

 

 

utorak, 5. prosinca 2023.

МК

 

Кога паметот заборава,

а,срцето престанува да чука  

останува само духот вечен.

 

Кога устата е полна со мед

Нека небиди срцето полно со отров.