četvrtak, 2. studenoga 2023.

БОИТЕ НА ЖИВОТОТ кн бр 11

 БОИТЕ НА ЖИВОТОТ

 Одминуваат и не прашуваат ништо.

Раздиплени по ливадите на денот

поднебесието на звезденото небо.

Обележуваќи ги брчките на жената

наведната над колевката  над новороденчето.

Со насолзени очи го чека домаќинот  

да се вратат од печалба.

Чудотворецот на мислата и јазикот е зборот,

кој се топи и кова во боите на животот.

Само во боите на очите останува летото

и во браздите на почвата,

а пченицата уште не е доздрејана.

Вртеќи  се по патот на печалбарите,

еден ден ќе се вратат во  боите на животот.

Времето ќе го затрупа бунарот,

А водата продолжува во другиот правец

на тишината и во боите на животот.

 

Соња Таировска Ѓурчак

01.11. 2023 Улм