Неможам да ја
бирам судбината сама, таа ме бира мене.
СЕ Е ИГРА
Живејам во
времето на безстварност,
во овој свет кој
се распаѓа...
А Јас верувам во
себе
верувам во
животот,
верувам во играта
наречена живот.
Пишувам,зборувам
сама восебе
и ја прелистувам
вистината.
Да го запрам
времето
и поново да се родам
и пак се е
игра...
Соња Таировска
Ѓурчак
24.07. 2022 Улм
ПАТУВАМ ВО ЕДНА
БАСНА
Патувам во
животот на една басна
помеѓу слоговите
на двата крика.
Ноќта слепо ползи,
а јазикот се
заплеткува
во туите зборови,
расчистуваќи ја патеката
со осакатените
чевли
во чадот на црната
ноќ.
Сладоста се губи
во изгубеното време
меѓу два меридијана.
Соња Таировска
Ѓурчак
23. 07. 2022 Улм
Градината е цветна
се додека расти и
цвета,
ако нерасти и не
цвета
се претвора во
пустина.
Животот е градина.
Кога свесно свеста
ќе го свати фамиљарното стебло на животот
СЈАЈНАТА МЕСЕЧИНА
Сјајната месчина,
која ги осветлува моите чекори
остана вклучена,
во странската виза
а го осветлува родното стебло .
Семејното искуство ја скри насмевката
и продолжи по потрага на уморната вистина .
Мравките
длабоко навлегоја
под кожата на стеблото
и го глодаат родот на едно стебло
које го оголија...
не остана ни еден лист ни еден цвет.
Сјајот од мојата месечина
ми подава рака,
ме води во океанот
на мојата Родина
мојата Татковина
во радост на животот,
во животот има една вистина
која љубов се вика.
„Љубов со љубов
само се мери
И со ништо неможи
да се смени.„
Соња Таировска Ѓурчак
04. 07. 2022 Улм