nedjelja, 20. veljače 2022.

ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ кн бр 10 .

 ПОЗАЈМЕНИ ЈАЗИЦИ

Ме разбуди смрта
во дупките на историјата,
да ја поздравам пролета
да ги исполнам празнините
на времето и просторот.
Со јазикот на слободата
кој извира во една душа на судбината.
Позајмените јазици
ја гушат историјата
а зборот остана во грлото на песната.
Еден голем сон, води во стравот на иднината,
поздравуваќи ја пролета.
Утрово додека ветровите
ги разнесуваат јазиците
стојам во годините на бегството
пред своето време и сопствената слика.
Трчаки по програмата на вредностите
се бриши историјата и културата
која остава трага од позајмените јазици.
Зборот е живо дело, кој живее
во големината на животот,
зборот на еден живот, кој љубов се вика.
Во пукнатините на историјата
остана зборот, кој извира
од изворот со песната и духот.
Живее вечно во просторот и времето.
Соња Таировска Ѓурчак
20.02.2022 Улм

utorak, 8. veljače 2022.

ЗБОР ПЕСНА

 ЗБОР ПЕСНА

Оваа песна, корен гранки пушти
Лист по лист, цвет до цвет
Со полни дланки збор песна редам
На сите гранки.
Облаци гранки покрија,
Од птиците стивнаа гласовите
Татковината и туѓината се измешаа
Песна збор сокрија.
Соња Таировска Ѓурчак
21.11. 2021 Улм

ponedjeljak, 7. veljače 2022.

DIE ENTFERNUNG

 

srijeda, 2. veljače 2022.

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА книга бр 10

 

КУЌАТА НА ЗЕМЈАТА МОЈА

Куќата на земјата моја

е под олтарот на небото

во звухот на гласовите

во стихот на песната.

Мајка ми остави завет

да ја чувам куќата и зборот

да ја чувам песната и стихот

да ги чувам меѓу корицате на книгата.

Голема е куќата на земјата моја

во која живеам гордо,

го чувам јазикот македонски

во куќата на земјата моја

под олтарот на небото

Ја чувам меѓу кориците на книгата.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО. книга бр 10

 

ПИСМОТО ОСТАНА НЕПРОЧИТАНО.

Пишувам писмо,

а буквите се судираат

како дески играчки

на хартија бела.

Пишувам писмо,

и го облекувам во руба бела,

везана со златен конец  

и  азбука буква наша.

Пишувам и праќам писмо,

примачот одамна заминал

ја променил адресата

писмото остана непрочитано.

Соња Таировска Ѓурчак

02.02.2022 Улм