petak, 4. lipnja 2021.

СТОМНА

СТОМНА         

Те наполнив од изворите на вечноста,
сега капка по капка те кријам
од грмотевицата што ја испраќа ноќта.

Те покривам со пелените кој ги пери
со солзи мојата мајка,ги  суши на плотот
кој молчи прет стравот на заборавот.

Ги собирам,растурените лисја 
на старата цреша
кој ги вее двојниот студен ветар по дворот...

Писмото го чувам 
во дамарите на земјата,
која вљубените ја одминуваа одамна.

Стомна закитена со цветовите на вечноста
и живее во олтарот на животот,
кој се протега во висината на спомените
по должината на векот,и ја чува стомната.

Соња Таировска Ѓурчак
04.06.2021 Улм