utorak, 13. travnja 2021.

ВЛЕЗОТ ОСТАНА ИСТ

 

ВЛЕЗОТ ОСТАНА ИСТ                        во книгата бр. 9
 
Пред влезот,
на Туристичката агенција
на старата фотографија
пишувам песна.
Сеќавањата се лизгаат
пред очите на прпзорецот,
во смрзнатиот зимски пејсаж,
топлата солза,капка по капка,
солза по солза,остави вирче.
Очите остаана бистри
а колевката празна.
Автобусот пол замина
на граничниот преми го менува јазикот.
Сеќавањата и боите од старата фотографија
некое сетило поново ќе ги бои
и ќе пишува нова песна.
Влезот остана ист.
 
Соња Таировска Ѓурчак
13. 04. 2021 Улм

ponedjeljak, 12. travnja 2021.

Сведоци на времето.

 

Природна вистина која ја носи и остава времето,

мислата, зборот, делата се

живи сведоци на времето...





petak, 2. travnja 2021.

ЧЕКАМ ПРЕД ВРЕМЕТО

 


ЧЕКАМ ПРЕД ВРЕМЕТО                            во книга бр 9


Одвојена од вистината,

во далечината на стрпливоста

стојам и чекам пред времето,

како неуморен патник патувам и чекам.


Животот понатаму оди,

како да ме одминува

преместуваќи ја историјата на сопственото Јас.


Невидливи и прозирни остана одговорите

пред молитвата и дозволата на Бога.


Мислам,мислам да не мислам на ништо

чекаќи пред времето утре...


Ја испраќам мислата да ја исполни

празнината на морето,

година во година му се восхитувам

на времето допираќи го деството

и пишуваќи по страниците

кој шумат во тефтерот на животот.


Животот понатаму оди,

чекам пред времето

а времето е само сон

кој се сонува будно,

прелистуваќи ги страниците на животот.




Соња Таировска Ѓурчак

02.04. 2021 Улм .