četvrtak, 16. siječnja 2020.

ПОТРЧА ЗБОРОТ


ПОТРЧА ЗБОРОТ                                                     Велес 22 и во книгата бр: 9

Се изкачив,на една планина
каде се протега пролета,
и првите пролетни цветови,
кој се збогуваа со снежната покривка.
 
Цветовите ги закитија клисурите,
јас, ги собирам буквите и ги редам
по боите на црвено жолти цветови.
 
Трчам,пишувам и пеам,
стигнав и застанав пред колибата
од каде се шири чад кој
мириса на темјан.
 
Се огреав во топлината
на една едина искра ,која сеуште
го чува огнот  да не згасни.
 
Потрча зборот, солзата  ја спречи.

Соња Таировска Ѓурчак
16. 01. 2020 Улм.


nedjelja, 12. siječnja 2020.

ВРЕМЕТО НА ЖИВОТОТ

ВРЕМЕТО НА ЖИВОТОТ                          Велес 22  Во книгата бр:9 

Да го вратам времето,
заспано на постелата на животот.
 
Да го вратам животот и
пролета на децвото.
 
Да ја вратам младоста и
да го мирисам мирисот на розите.
 
Да го вратам времето и
да ме успиваат нотите на песните
да заспивам во убавината на звездите.
 
А сега ,зората  ме буди и
денот радост, младост  ми нуди.
 
Времето на животот.

Соња Таировска Ѓурчак
12.01.2020 Улм