nedjelja, 26. svibnja 2019.

ПРЕД ОЛТЕРОТ НА ЖИВОТОТ

ПРЕД ОЛТЕРОТ НА ЖИВОТОТ                   Во книгата СВЕТЛИНАТА НА ЗБОРОТ


Палам свеќа,
пред олтерот на животот
и за земјата од која се одвоив.
Далечината ги одвои сите мигиви
остана сенка од будниот часовник ,
кој го мери времето во мојот дом.
Палам свеќа,
пред олтарот на животот
пред стеблото на животот
пред тишната
која е раскрсница
во просторот пред децките играчки
и расти во пораките на песната.
Палам свеќа,
пред олтарот на животот
молам, во тишината и даличината
кој ме одвои од стеблото на мојата вистина,
а птиците останаа да пееат
на стариот даб.
Палам свеќа ,
свеќата гори а искрите се шират
пред денот на птиците
кои го променија правецот а
улиците остаанаа без број.

Соња Таировска Ѓурчак
26. 05. 2019.Улм

ponedjeljak, 6. svibnja 2019.

MK XXX

 💗💗💗

Чистата мисла станува тело,
распостила убавина
без надворешно влиание,
и е видлива.........

💗💗💗

Цветна  убавина, која расте во свеста на природата,и несебично ја дарува....

💗💗💗

Вродена е љубовта а карактерот го градиме....

💗💗💗

Свеста е природно богаство,
а, карактерот си го градиме сами...

💗💗💗

SVESTA E PRIRODNO BOGASTVO 
A KARAKTEROT SI GO GRADIME SAMI,.....