💗💗💗
Искрајноста и вистината не се отуѓуваат,
имаат своја
тежина и гордост....
💗💗💗
💗💗💗
Што се крие се,
зад фасадата
од вистинскиот живот???
💗💗💗
|
11:34 (vor 0 Minuten)
|
ВО КНИГАТА ПИШУВА
ОВДЕ НЕ ЗАСТАНУВА
ЖИВОТОТ Во книгата СВЕТЛИНА НА ЗБОРОТ
Животот, се
протега
во далечините
на стравот.
Огледалото го
гледа небото
повикуваќи ги
сите птици,
кон далечините
на животот.
Љубов е зборот,
овде што
останува,распослан
по гранките на
стариот даб.
По морето таласа
сонот
на многу бегалци,
кој остаана да
го сонуваат сонот
со морската
кралица.
Овде не застанува
животот,
во книгата
пишува,
на оваа улица
нема број.
Пепелта се вее
со ветрот кон небото
и цвета со
морските цветови.
Денови не бројани
години не мерени
во векови не
извекувани
пред портата на
животот
кој останува
тука.
Ноќта ја зима
последната
недогорена
свеќа,
а восокот се
разлева по земјата
по билките на
црно бели цветови.
Животот изграден
во темелите
на ветровите се
огледува во туѓите очи,
овде не застанува
животот,
во книгата
пишува.
Запалено
кандилото,останува
да гори во
чистините на небото.
Ангелите прегрнати
раскажуваат
за вистината на
далечините
и сенките кои
остануваа овде,
во книгата
пишува....
Соња Таировска Ѓурчак
sonja.durcak@gmail.comНаградена песна во Национална и универзитетска библотека „Св.Климент Охридски „ Скопје .2017 Скопје. |