ponedjeljak, 31. kolovoza 2015.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН



Додека сонцето ја осветли нашата планета,
и просеа здраци радосници над сите нас,
ја избриша темнината го осветли денот дари нов живот.
А денес е посебен ден ден на среќа,
ден на радост,ден на ново видение.
Овој ден е пол со љубов,ден на благодарност.
Колку звезди на небото
толку сјајни честитки по повод твојот роденден
нека те следи среќа здраве љубов.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!



ЗА РОДЕНДЕН

 убави  мисли нека потечат како река полна радост,
животот нека остане во вечна младост,
не исцрпено богаство на мудроста нека ти бидат,
длабочините на вистината

subota, 29. kolovoza 2015.

ВАРДАР ВО ЉУБОВ ЦВЕТА

Во туѓина куќа огниште
топло жар искра лета
родина не заборавам света.
Тапан,такт на срце и душа
спомен остана во душа.
Убавина, во пазува топла кријам
од родина мила и орлови крила
од адуци  туѓи луѓе  те кријам.
Благослов љубов вечна
полна прегратка топла
од душа песна пеам
а црвен  цвет зо тебе покрај
Вардар во љубов цвета.
Очи вардарски полни љубов
роса сеат од солза чиста
и за вистина вечна иста.
Вардар вода света,ја пои
земјата на рајот и во љубов цвета.

petak, 28. kolovoza 2015.

ХХХ 112

Убавиот збор,
стои под звездите
на божјата милост
закрилен во вечноста
на вистина.


Содражината на животот
се наоѓа во времето кое
оди со животот..


Земјата и сонцето
создаваат секогаш и секаде
нов живот.


Неоткриена е тајната
на времето и просторот
која шири светлина,
дарува живот пол со  ЉУБОВ.

Соња Таировска Ѓурчак
28. 8. 2015 Улм

ponedjeljak, 10. kolovoza 2015.

ИЗМЕЃУ НЕБОТО И ЗЕМЈАТА



Измеѓу небото и земјата
постои една вистина 
која допира до секоја душа,
ајде и денес да бидиме сведоци 
на верата и вистината
кое нуди внатрешно видение 
исполнето во љубов.

Соња Таировска Ѓурчак

četvrtak, 6. kolovoza 2015.

ХХХ 111

Цвеќето треба вода,
човекот убав збор.
Тоа е богтство и слава.

Имај секогаш разбирање,
добра воља и почитување
кон своите, кон блиските
тоа е одговорот на љубовта.


Сваќај разбирај чуствувај
проштевај,тоа е дел од
вистинската љубов.

ЉУБОВ


ЉУБОВ
Мудроста ја запишавте на вашите лица,
не менувајте го ликот,почитувајте ја божјата заклетва,
и убавиот збор,убавиот збор носи секогаш слога,
божјата заклетва е силата во времето на вечната љубов,
имајте секогаш ЉУБОВ!!!


srijeda, 5. kolovoza 2015.

МОЛЧАМ


МОЛЧАМ

Молчам а зборови тонат
мисли полна низа
а наметка сега црна риза.
Мисли будат спомени драги
а времето, времето
молчи, молчи во таги.