utorak, 27. kolovoza 2013.

СКИТНИК



СКИТНИК


Скитник со гитара
И само една жица
Иста песна пее
Како осамена птица.
Скитниче! сакаш чаша вода
а кој ли ќе ти дади?
За усни изгорени, прегорени
Од убави зборови твои не изговорени.
Скитник веќе со седа коса
Скитничко набрчкано чело под роса
Се уште во тебе гори
И за топол дом се бори.
Со очи полни солзи
Една осамена жица
Од гитара и со песна тажна
Заспива скитник на постела снежна.
Скитник ти остана сега
Со скината жица
од гитара стара  и торба празна
Судбина клета и тажна
Што во туѓа земја згазна.