srijeda, 13. ožujka 2013.

Трендафил бел



Во тебе нешто чаробно се крие
Бела убавина во тебe ли спие?
Капка по капка вода си пие,
Трендафил бел цветови си мие.

Чаробна убавина насмевки дели
И на сите како да им вели,
Овој мирис што во мене врие
Нека душа ваша мирис мој пие.

Душа нека буди,
Тага нека губи,
Насмевка нека стига
Среќа радост нека блика
Трендафил бел така вика.