četvrtak, 24. siječnja 2013.

MОЛЊА



МОЛЊА
Молња, болест мила тебе те стегна,
и на постела те легна.
Долги руси коси мила од тебе корнеше,
солза  мое луто и тешко ја колнеше.
Молња болест мила,
насмевка од лице зема тебе те снема.
Здраци по тебе гореа лути рани ореа,
во црна земја те ставаше,
очи твои затвараше.
Од  раце ми се лизна
во црна земја  се слизна.
срце мое камен се стори
и во тага болка гори.
Во љубов мила се колневме
клетва љубов негазам
и тебе мила не заборавам.
Животот мој мила
стана приказна горка,
од погача бела остана само корка.
Вечен фустан бел ти облеков мила,
и ако немав сила.
Вечен венец љубов ти ставив мила,
и ако немав сила.
Сакам!
Сакам, да ми бидиш мила
како секогаш со насмевка горда,
со синџир клуч
рајска порта да отвориш
болка тешка да затвориш.
А кога на полноќ
месечина на гроб ке ти блесни !
Стани мила ! Стани мила  !
И запеи запееи наши песни.


Соња Таировска Ѓурчак
13. 03. 2013 Улм