subota, 31. svibnja 2025.

БУРАТА ВО ВЕНИТЕ НА МОЈОТ ЖИВОТ.

     БУРАТА ВО ВЕНИТЕ НА МОЈОТ ЖИВОТ


Бурата, ме фрла по обалата
по карпите кои речиси се невозможни да ги совладам.
Вените пукаат под струјата на силната бура.

Со мислите бегам, трчам,

мислам, незнаев дека  ова е една празнина во светот,

мислев, дека светот ќе ми  подаде рака

за да ја совладам бурата на животот.

Знам, дека ова не е сон.

Знам, бурата на животот не се совладува со десет прсти.
Знам дека постои нешто посилно,
нешто помоќно и од самата бура
а тоа е длабоко неоткриено во мојата душа.

Како приказна, приказна од еден живот
кој неуморно оди,
оди некаде, како уморен патник
кој уште патува,патува по морето,
водено од бурата на животот.

Далеку е мојот дом
од таму од каде што дојдов,
каде што пораснав,
претрчувајќи по калдрмата
потскокнуваќи, го броев секој камен.

Денес, во овој бурен живот,
по улиците асфалтирани,
по пешачките патеки немам што да бројам.

Само силно ја чувствувам бурата,
која неуморно ме занесува.
А вените во мене се шират секојдневно.
Неможам да ја победив бурата.
Но научив да одам низ неа,и сонеа.

Соња Таировска Ѓурчак

25.05.2025   Улм Германија

Nema komentara:

Objavi komentar