četvrtak, 8. svibnja 2025.

БЕЛ ЦВЕТ

 БЕЛ ЦВЕТ 

Бел цвет ти праќам мила 

под роса тивка, во срце надеж.

Пред зборот молчам,

цвет порака ти праќам 

во мирис ти кажувам се.


Те сонив ноќва,во месечина полна 

бела секна ме водеше кај тебе мила 

Во рака пламна цвет без глас 

а, срцето ми пее, уште си ти мој спас.


Ако денот ти згасни без збор 

неслушај гласови, читај го зборот мој.

На лист од цвет,во белото немо 

љубовта шепоти нез време и немо .


Соња Таировска Ѓурчак

08.05.2025 Улм 






Nema komentara:

Objavi komentar