srijeda, 11. prosinca 2024.

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ кн 11

 

НА ГУРБЕТ ПОЈДОВ

На гурбет појдо и назат не се дојдов,

дали ксмет беше што толку далеку појдов

во далечина туѓа земја јас Мајко  дојдов

туѓа земја јас пројдов.

Патувам со времето

се борам со несигурноста и денес

а, верувам во она што е посилно од мене.

Верата ме води, која по  Бога оди

во природата вистината  ја гледам

која Бог  ни ја благослови и јас ја следам.

Традицијата е наследство

а верата е најсилна.

Светот стално се менува во блага нада

а јас го барам одговорот

зошто овде на гурбет дојдов.

 

Соња Таировска Ѓурчак

11.12. 2024 Улм

četvrtak, 5. prosinca 2024.

MK

 

***

Во матриалната благосостојба клучот е телесното здравје...

***

Секојдневната молитва е умствена  смиреност...

***

И смрта припаѓа во живот...

***

Соња Таировска Ѓурчак

05. 12. 2024 Улм

subota, 30. studenoga 2024.

МК

 

 💓💓💓

Пред да почниш да го критикуваш туѓото,

погледниго своето...

 💓💓💓

Нај големиот сведок за се и во се е огледалото...

 💓💓💓

Во секој песок има дијамант

Како во секое жито кокољ...

 

 

Соња Таировска Ѓурчак

30. 11. 2024 Улм

 

 

 

 

МК

 

Куќа без темел е како бунар без вода,

Дрво без корен, го вее секој ветер

и далеку го носи,

и часовник бес сказалки неможи да го мери времето...

Се е поврзано со умственоста.

 

Соња Таировска Ѓурчак

30 11. 2024  Улм

nedjelja, 24. studenoga 2024.

МК

 

***

Патот на животот почнува од срцето.

 

***

И во литературата има стремежи

кој се делат на два дела

корисни и не корисни одлуката

е во нашата мисла или ум.

 

***

Добрите особини на човечката душа

се наоѓа во внатрешноста ,

кој се чита и надворешно

со друг збор тоа е човечка духовна особина.

 

Соња Таировска Ѓурчак

24.11.2024 Улм

petak, 22. studenoga 2024.

МК

  

Животот е мудрост,

што подлабоко гледаме во сопствениот живот и

сме задоволни сами со себе,

не бараме совршеност во ближните.

 

Соња Таировска Ѓурчак

21.12.2024 Улм Германија

 

    

srijeda, 20. studenoga 2024.

МК


1.    Верувајте се се менува се е енергија ,во се има почеток и крај.

2.     Убавината на човечката душа е зборот.

3.     Голема е разликата измеѓу каменот и дијамантот,каменот секој го клоцка а дијамантот се ретки кој го препознаваат.

4.     Чудна и тешка болес е лицемеријата, од која патат безброј народи а медицината сеуште нема лек.

5.     Нема потреба од успоредување, сопственик си сам на твојот живот.

6.     Најмоќниот лек за секоја болес е природата.

 

Соња Таировска Ѓурчак

20.11.2024 Улм